Физичка пресметка меѓу две жени во Аеродром

Две жени имале физичка пресметка вчера во скопската општина Аеродром.

Полицијата соопшти дека вчера во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 48-годишната Е.Х. и 67-годишната Е.Р., двете од Скопје.

-По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

Претходна вестСо трактор сакал да влезе во казино во Битола
Следна вестЖенската фудбалска репрезентација на Македонија доби нов селектор