Фотката да ви покаже како се планира градењето во Аеродром

Како се гради во општина Аеродром и како се планирал некогаш и сега животниот простор во овој дел од Скопје? На ова, досетлив твитерџија одговорил со една фотографија од птичја перспектива. И напишал:

– Само да ви дочарам како се планирало порано (бр. 1) и како е сега во демократија (бр.2 уште се гради крајот не му се знае)… зеленило нема ни за лек, објаснил твитерџијата.

За појаснување, од фотографијата се препознава дека ова е во Стар Аеродром каде што до пред 3-4 години беа воените бараки.