Спасовски: Ќе инвестираме во патната инфраструктура уште 2 милијарди евра

Досега инвестирани се речиси една милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години, објави премиерот Оливер Спасовски преку Фејсбук.

Тој потенцира дека кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот, не ги попречила капиталните инвестиции кои се реализираат со забрзана динамика.

-Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Ние имаме спротивен пристап, потенцира Спасовски.

Во објавата, освен за инфраструктурата, тој наведе и податоци за проекти и во други области.

– Завршени се 80 проценти од примарна и секундарна гасификација. Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитиравме повеќе од 1500 километри постоечки патни правци. Ги подобривме условите во 28 јавно- здравствени установи и 43 полициски објекти. Изградивме 3 пречистителни станици, изградивме повеќе од 320 социјални станови, потенцира Спасовски.

Техничкиот премиер додава дека интензивно и во услови на корона криза се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации. За тоа се обезбедени 100 милиони евра за сите општини.

Инфраструктурата која ја градиме ќе ни овозможи да се справуваме со кризи, но и да остаиме добра база за напредок на идните генерации да не почнуваа наново од нула, се наведува во објавата.

Претходна вестЗасилените контроли навистина ли насекаде засилени ќе бидат?
Следна вестФотката да ви покаже како се планира градењето во Аеродром