Со секој дожд, а особено посилен, главната пешачка зона во центарот на Скопје, улицата „Македонија“ се претвора во река. Секој што во вакво невреме ќе помине по неа посакува да облече гумени чизми, бидејќи на крајот завршува со мокри нозе.
Досега многупатии се поставувани фотографии за тоа како изгледа оаа улица за време на дожд, но секој пат како да е се полошо. Па затоа еве уште еднаш да ги потсетиме градските власти дека улицата со која се гордеат, тоа го заслужува само на зборови.
На дело изгледа вака: распукани и искрешни плочки кои исфрлаат водоскоци ако згазнеш на нив и вирови на секој чекор, па дури и во непосредна близина на шахтите кои треба да ја впиваат атмосферската вода.
Ако немаат немара да го поправат ова, еве да им дадеме друга идеја: Пошто не може Вардар, нека ја направат улица „Македонија“ пловна?