Црна Гора го укина дигиталниот ковид-сертификат

Поради подобрата епидемиолошка состојба во Црна Гора, дигиталниот ковид- сертификат веќе нема да биде потребен како услов за влез во трговски центри, деловни објекти и продавници кои имаат над 1.000 квадратни метри, изјави денеска директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ.

Тој рече дека бројот на нови случаи во последните две недели, од 23 септември до 6 октомври, е намален за 40 проценти во споредба со претходните две недели.

„Бројот на хоспитализирани на 5 октомври е за 11 проценти помал отколку на 9 септември. Во последните две недели, вкупниот број смртни случаи е околу 18 проценти помал од вкупниот број смртни случаи во претходните две недели“, рече Галиќ.

Галиќ рече дека во согласност со очекувањата дека Црна Гора ќе се приклучи на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ, времетраењето на изолацијата се скратува од 14 на 10 дена.

Дигиталниот сртификат содржи податоци за вакцинација, за резултати од ПЦР или брз тест, како и податоци за тоа дали лицето прележало коронавирус.

Претходна вестТриумф над Лихтенштајн вечерва е императив за избраниците на Милевски
Следна вест(ФОТО) Ако не може Вардар, да ја направиме улица „Македонија“ пловна?