Триумф над Лихтенштајн вечерва е императив за избраниците на Милевски

Со императив да ја оправдаат фаворитската улога и со победа да ги задржат шансите за пласман на Мундијалот 2022, македонските фудбалери ќе истрчаат вечерва на националниот стадион во Вадуц против репрезентацијата на Лихтенштајн во рамки на 7. коло во квалификациската група Ј.

Македонската репрезентација вчеравечер го одржа последниот официјален тренинг пред дуелот на „Рајнпарк“ стадионот што започнува во 20:45 часот, а ќе го суди Полјакот Бартош Франковски.

Во составот на селекторот Благоја Милевски, под чие водство националниот тим има ефект од три нерешени натпревари во квалификациската група Ј, поради повреда го нема стандардниот играч од средниот ред Енис Барди, а ново име е дебитантот Ердал Ракип од шведскиот шампион Малме.

По шест одиграни натпревари во групата Ј, „црвено – жолтите“ се четвртопласирани со девет бодови, бод помалку од Романија, два од Ерменија и шест од лидерот Германија, која гостува во Скопје на 11 октомври.

Претходна вестЖенската ракометна репрезентација поразена од Црна Гора
Следна вестЦрна Гора го укина дигиталниот ковид-сертификат