(ФОТО) Гори кај ОХИС, затворен патот за Драчево

Пожар во кругот на скопската фабрика ОХИС избувна попладнево. На терен се излезени и службеници на Министерството за внатрешни работи и пожарникарските екипи на Град Скопје.

Од Центарот за управување со кризи, велат дека во моментов се прибираат информации за овој пожар, но попрецизни информации ќе има подоцна, бидејќи екипите се на терен.

-Затворен е патот кон Драчево. Во тек е прибирање на информации бидејќи имаме 18 пожари на територијата, пожарникарите на Град Скопје не успеаја да ни дадат конкретни податоци бидејќи противпожарните бригади се на терен, се справуваат, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на прес-конференцијата попладнево.

Од ЦУК, велат дека на терен кај пожарот кај ОХИС е и стечајниот управник со оглед дека фабриката е во стечај, а известен е и Инспекторатот за животна средина бидејќи и тој има таму свои надлежности.

Претходна вестБез вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Следна вестВо Скопје 18 пожари, секој час се отвораат нови жаришта низ земјава