На крстосницата помеѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“, во Општина Аеродром, никна парк на поврѓина од 2.000 квадратни метри со дрвени елементи наменети за децата за развој на моторичките способности, патеки за родители со колички за мали деца и лица со посебни потреби, 14 шаховски табли, стилизирана урбана опрема составена од клупи, корпи за џебен отпад и други придружни елементи, а целиот простор е со лед осветлување…
Зад проектот стои Градот Скопје заедно со УНДП, а во кој беа вклучени луѓето коишто живеат во соседството, по чии мислења преку анекти е уреден овој простор.
Освен реквизитите за активности има и 350 нови садници од кои 90 високо стеблести и остатокот околу 250 се ниско стеблести садници.