Неодговорноста при паркирање не е нешто непознато кај нас. Но, и покрај сите казни за кои секојдневно информира МВР, укажувањата преку социјалните мрежи, преку посебни групи со кои се критикува сообраќајниот срам, некои граѓани на Скопје „мува не ги лази“.
Така, денеска бевме сведоци на уште еден таков сообраќаен срам – кога не еден туку четири мотори беа паркирани во самиот ГТЦ, односно таман под стреа да не им наврнат доколку и денеска има дожд.
Тоа што го блокираат приодот за пешаците за кои и е наменет ГТЦ не им е важно. Битно тие си завршиле работа.
Моторите со часови беа таму и никој од сообраќајните служби не реагираше.