Во кино, театар и филхармонија само со две дози вакцина против ковид

На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата.

Условот е посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.

 

Претходна вест(ФОТО) Имате мотор и не знаете каде да го паркирате? Дојдете во ГТЦ
Следна вестДецата со посебни потреби не мора да носат маски в училиште