Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата !!!Скопје, една поинаква приказна!
Вака пред еден час на својот фејсбук-профил најави скоспкиот градоначчалник Петре Шилегов и објави неколку фотографии на кои се гледа како се урива дел од галијата во Вардар.
На некои од нив се гледа и руината во внатрешноста.
Одлуката на Град Скопје за уривање на галијата во Вардар се донесе по основ на извршната клаузула во договорот што го има постигнато Градот Скопје со корисникот на просторот, а Шилегов тоа го најавуваше и во неговата изборна кампања пред 4 години, а откако стана граадоначалник рвите прес-конференции му беа токму за тоа.
Одлуката за отстранување на галиите поставени во претходната власт ја базира на студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, и според која во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти, а галиите за третина ја намалиле проточноста на реката.
По извесно затишје, во април повторно се отвори прашањето за уривањето на оваа, како што ја нарече Шилегов урбана опрема. И тогаш преку Фејсбук најави уривање, но се јави сопственикот на бродот „Сидро“, бугарски државјанин која започна судски процес.
– Сите го превидуваат фактот дека галијата е урбана опрема. Согласно со законските прописи, тоа е еднакво на тераса од кафуле. Градот Скопје може во секое време одобрението за поставување урбана опрема да го раскине, со кој било правен субјект вклучително и со сопственикот на галијата. Дали е тоа повреда на определено право, во смисла на материјална штета е работа на секој субјект, потоа дали ќе го тужи Градот Скопје за штета или не, изјави Шилегов.
Во јули беше закажано првото рочиште, а како адвокат Шилегов се појави да го застапува Градот.
– Според мене, овде разговараме за една по малку апсурдна ситуација, дали ние како Град Скопје на ресторани на кои им издаваме решенија за поставување летни тераси воопшто имаме право да ги укинеме. Мислам дека тоа право судот недоволно добро го ценеше во првостепената постапка. Тоа право на Градот да го укине таквото решение Апелациониот суд добро го утврди, рече градоначалникот Шилегов по судското рочиште.
Во врска со другите галии сместени во коритото на реката Вардар, Шилегов објасни дека Градот Скопје може во секое време да ги раскине тие договори.
-Доколку Градот Скопје сака да плати штета, ние може денеска да ги раскинеме сите договори, но јас кажав во една прилика, станува збор за сума од околу 5 милиони евра за трите галии. Овде се создадоа услови за раскинување на договорот на начин што евентуалната тужба за штета нема да биде на штета на Град Скопје, затоа што не беа платени 4 кирии. А, за правото на Град Скопје да ги раскине договорите, тоа е неприкосновено, нагласи Шилегов.
Тој тогаш најави дека ако сакаат да ги платат, галиите можат да ги платат уште денеска, да ги раскинат договорите и да ги отстранат од коритото на Вардар. Но, најави дека преку правната мудрост ќе го направат тоа без да има штета.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека рушењето на галијата е чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов.
-Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е рушење на галијата и засадување на едно сиромашно дрво, реагираа од опозициската партија.