(ФОТО) Пожарот во Кочани се доближи до првите куќи, на Фејсбук се споделуваат фотографии, се бара Стојанче Ангелов

Исклучително сериозна е ситуацијата со пожарот кај Кочани. Пламените јазици стигнаа до градот и според првичните информации горат куќи во Кочани меѓу кои е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев, јави вечерва Телма.

Сериозна е ситуацијата, се бара помош од сите страни.

На социјалните мрежи постојано с споделуваат страотни фотографии на кои се гледаат огромни пламни јазици над градот, а јавност го повикува директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој изминатите денови изјавуваш дека пожрот е под контрола.

Пожарникариде со часови се борат да го стават пожарот под контрола, но силниот ветар го разнесува на сите страни.

Според жителите на кочанското село Бели, кое е во непосредна близина на градот, пожарот почнал околу 14 часот. Првично снемале струја, а потоа се распламтил поради ветерот кој го разнесува на сите страни.

 

Претходна вестЌе се „пржиме“ до четврток, потоа ќе следи разладување
Следна вестСкопската протипожарна бригада испрати 3 возила и 15 пожарникари во Кочани