Скопската протипожарна бригада испрати 3 возила и 15 пожарникари во Кочани

Три возила и 15 пожарникари од Скопската противпожарна единица се испратени за Кочани во помош на колегите каде состојбата со пожарот е сериозна, објави вечерва Противпожарната бригада Скопје на Фејсбук.

Тие објавија и дека денеска на територија на Град Скопје имале 16 интервенции за краток период од 13 часот до 18 часот.

Во помош за Старо Нагоричане пратени се 2 возила и дополнителни сили, од каде и објавија фотографии од самата интервенција.

-Драги наши сограѓани имајте разбирање за Ситуацијата помагаме каде што можеме!!! Бидете совесни, високите температури со секое мало невнимание може да предизвика катастрофа, објавија од Пожарна Скопје.

Претходна вест(ФОТО) Пожарот во Кочани се доближи до првите куќи, на Фејсбук се споделуваат фотографии, се бара Стојанче Ангелов
Следна вестОгнената стихија во кочанско полека се локализира, ако пак се засили „ер тракторите“ не можат да се користат