Ѓубрето во Скопје не е ниту нов, ниту непознат проблем. И секоја населба, независно дали е центарот или перферијата, има проблем со хигиената – без разлика дали тоа е поради неодговорноста на жителите кои фрлаат кај ќе стигнат или од службите кои се задолжени колку-толку да ја одржуваат. Па така, сликите кои речиси секојдневно ги гледаме се или скршени или запалени контејнери, превртени канти…
Но синоќешната слика (а таа не е само синоќешна, туку секојдневие) е од центарот или ако сакате епицентаротт наа градот – плоштадот.
Тука, секоја вечер има стотици граѓани кои шетаат и кои купуваат храна од уличните продавачи или од неколкуте објекти за брза храна. Она што го оставаат зад себе е грдата слика за главниот граад – хартии и кеси расфрлани покрај клупите.
Она што ние го збележавме на простор од околу стотина квадрати е дека, и да сакаат немаат каде да го остават ѓубрето, бидејќи кантите се едноставно преполни… или како онаа на сликата на самата улица „Македонија“ едноставно ја нема.
На нашиот главен град, на нашата метропола, на градот кој сакаме да го кандидираме за „зелен“, му фалат многу работи. Но, еве, да почнеме со повеќе, со поголеми и со исправни канти за ѓубре.