Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обидел да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи. Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите.

Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол, изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.

Според локалните извештаи, полицијата била повикана околу 6.45 часот кога бил забележан чад како се крева од синагогата. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, еден од полицајците застрелал маж, кој бил вооружен со нож и железна шипка.

Градоначалникот рече дека пожарникарите се на терен и го контролираат избувнувањето на пожарот во синагогата. Освен вооружениот напаѓач, се чини дека нема други мртви или повредени, додаде тој.

 

Претходна вестПронашол граната од Прва светска војна и им ја однел на полицајците во Берово, ЦУК предупредува да не се постапува така
Следна вестТошковски: Камерите за евидентирање на сообраќајни прекршоци ќе профункционираат од 2025 година