Француските читатели денес уживаат во весникот кој излегува само на 29 февруари

Единствениот весник во светот кој излегува на секој четири години повторно се појави на киосците низ Франција со објавувањето на новиот број на сатиричниот Ла Бужи ду Сапер „La Bougie du Sapeur“. Интересното за таблоидот од 20 страници е што излегува само на 29 февруари, односно само во престапните години.

Првото издание било во 1980 година, а ова е негов дванаесетти број. Создаден од група пријатели кои „сакале да се насмеат“, Ла Бужи ду Сапер (Свеќата на Сапер) има тираж од 200.000. Неговата цена е 4,90 евра, пренесува Би-Би-Си.

-Откако првото издание беше распродадено за два дена, продавачите на весници бараа повеќе примероци – затоа рековме добро, но само на секој четири години! Весникот сè уште го објавуваат неколку пријатели. Се среќаваме во бар и фрламе идеи за теми кои ќе ги пишуваме. Многу ни е интересно, а ако тоа му е интересно и на читателот, тоа е шлагот на тортата, вели уредникот Жан д’Инди.

Весникот најпрво започнал со делови за политика, спорт, меѓународни работи, уметност, загатки и забавни теми. Но, написите се дизајнирани како хумористични коментари. Насловот на ова издание, „Сите ќе бидеме интелигентни“, е за приказната за тоа како испитите и интелектуалните достигнувања се вишок од вештачката интелигенција.

Втората главна приказна, насловена „Што мажите треба да знаат пред да станат жени“, објаснува кои се „предизвиците“ со кои се соочуваат мажите кои сакаат да станат жени.

Претходна вестВанковска ги собира последните 1.000 потписи – на Јакимовски му фалат 2.000
Следна вестГОЛЕМО ФАЛА за пратениците на СДСМ и ДУИ што го спасија меѓународниот углед на Македонија