Француски државјанин ограбил три стана во центарот на Скопје. Тој е уапсен и нему му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
– Полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје вчера го лишија од слобода А.Ж.М. (31) од Франција поради основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во три стана на подрачје на општина Центар, соопштуваат од МВР.
Лицето со кривична пријава е предадено на јавен обвинител, а судија од Основен суд Скопје му одредил мерка притвор во траење од осум дена.