Фрлил марихуана низ прозорец кога забележал дека го фатиле полицајци

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(22) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 08.07.2022 на регионалниот пат Струга – Охрид, полициски службеници извршиле преглед врз паркирано патничко возило, во кое биле затекнати пријавениот и двајца сопатници од с.Лабуништа, при што пријавениот низ прозорец фрлил марихуана, којa била пронајдена.

Исто така, и во возилото била пронајдена и одземена марихуана.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници
Следна вестНападнал и ограбил човек додека користел слободни денови од затвор