Фудбалерките на Македонија убедливо поразени од Грузија

Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грузија од 3-0 во првиот пријателски меч кој денеска се одигра во Тбилиси.

Првото полувреме мина без погодоци, но во вториот дел домашните фудбалерки беа поконретно и успеаа дури трипати да ја затресат нашата мрежа.

Резултатот го отвори Бебиа во 54 минута, а потоа на сцена стапи членот на Трабзонспор и воедно капитен на Грузијките, Чеминава која стрелаше во 62 и 83 минута.

Вториот тест меѓу овие две селекции е закажан за 28 февруари.

Претходна вестПотпишани над 14 илјади граѓани, најмногу досега собрал Османи
Следна вестЦУК: Изминатото деноноќие девет пожари на отворено