Гарантираните цени ќе бидат ли единствена мерка на Владата против високата инфлација?

Како функционира владината мерка со која во маркетите за 10 проценти треба да се намалат цените кои биле важечки на почетокот на август? Се почитува мерката, колкава е користа од неа за граѓаните?

-Еве втор ден шетам по маркетите споредувам цени и бирам што ќе купам. Добро е што се намалија некои продукти што ги трошам, ама не е ложо трговците да намалат самите и други производи. На пример и другите типови на леб да се со малку пониски цени, ни вели утрово една аеродромка која ја затекнавме во маркет.

Надлежните веќе се пофалија дека трговците ревносно ги спроведуваат намалувањата и дека досега нема казнети. Но, од на теренот може да се види и места каде нема јасни обележувања кои цени се намалени. По гондолите често ја нема ознаката „гарантирана“ цена покрај производите кои поевтинија. Пред мерката да стапи во сила беше најавено дека покрај секој производ ќе стои таквата ознака на црвено-жолта подлога со деталот од македонското знаме.

А какво дејство врз високата инфлација во Македонија ќе има оваа мерка допрва ќе се види. Во македонската економија последниве месеци има своевиден апсурд со кој инфлацијата официјално се намалува, но живеачката поскапува!?

Во месец јули инфлацијата изнесуваше 8,4 отсто, што е надолен тренд, но и се уште над европскиот просек од 5,2 отсто, колку што е измерено во август. Значи, има уште работа за македонската Влада.

Потребни се уште мерки, размислува ли Владата за нив? А и штедат ли министрите за да има повеќе пари во државниот буџет како што ветуваа пред извесно време?

Претходна вест18-годишен штипјанец крадел по Радовиш
Следна вестРанета пукала до последниот куршум: Ибе Паликуќа имала само 17 години кога го дала животот за слобода