Темен режим Режим на светлина

18-годишен штипјанец крадел по Радовиш

Приведен е штипјанец поради кражба извршена во Радовиш, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 21.09.2023 во 22.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Т.Ј.(18) од Штип.

-Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во куќа во Радовиш. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кражбата и ќе бидат вратени на сопственикот, се наведува во информацијата.

Т.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Со 400 гости почнува големиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола

Следна објава
Секое покачување на цената на горивата не смее да биде повод трговците да ги зголемуваат продажните маржи

Гарантираните цени ќе бидат ли единствена мерка на Владата против високата инфлација?