Со 400 гости почнува големиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола

Утре започнува 44. издание на интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола. Тоа е еден од позначајните културни збиднувања во Македонија.

Од 23 до 29 септември по 44 пат во Битола ќе се постила црвениот тепих. Се очекуваат 350-400 гости, од кои 160 странски и 50 ВИП гости. Ќе бидат прикажани 79 филмови во чиј фокус оваа година ќе биде човекот наспроти технологијата.

Познатата македонска актерка и продуцент Лабина Митевска е лауреат на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“,  оскаровецот Питер Бижу, е добитник на наградата „Златна камера 300 за животен опус“.

Специјалната програма вклучува 20 општествени настани, меѓу кои „тркалезна маса на женски кинематограферки.

Главните случувања на „Браќа Манаки“ во Битола ќе бидат во Центарот за култура и во Офицерскиот дом.

Претходна вестДобро е што полицијата едуцира граѓани, ама поважно е…
Следна вест18-годишен штипјанец крадел по Радовиш