Газда на кафеана во Дебар Маало нападнат од гости, не сакале да заминат во 21 часот

Физички напад и кршење на инвентарот вчера доживеал газдата на една кафеана од скопско Дебар Маало кој претходната вечер не им дозволил на гостите да останат и по 21 час, кога завршува работното време.

-З. В. (53) од Скопје пријавил во полиција дека во 14.20 часот, додека бил во својот угостителски објект во Дебар Маало, едно лице физички го нападнало, а другото оштетило дел од инвентарот. Според пријавеното, на ова претходела вербална расправија бидејќи претходниот ден истите лица не сакале да го напуштат локалот по завршување на работното време, соопшти полицијата.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСрбија доби уште 40.000 вакцини од Русија, до март ќе се добијат околу два милиони вакцини
Следна вестСкопски сообраќај: 13 возачи возеле без дозвола, 10 пребрзо, 8 неисправни возила…