Скопски сообраќај: 13 возачи возеле без дозвола, 10 пребрзо, 8 неисправни возила…

Во изминатово деноноќие на скопското подрачје санкционирани се 219 возачи кои направиле различни видови прекршоци, соопшти денеска МВР.

-Од нив 13 се казнети за возење без возачка дозвола, 10 мерки се за непочитување на брзината, 8 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 8 санкции за поминување на затворен семафор (црвено светло), 4 за управување под дејство на алкохол, 14 мерки за користење на мобилен телефон, 8 за некористење на сигурносен појас и 88 мерки за непрописно паркирање, се наведува во инфорамцијата.

Сето ова покажува колку многу е потребна уште поголема контрола на сообраајот во Скопје. Има премногу несериозни возачи. Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, но се чини треба да бидат поинтензивни.

Претходна вестГазда на кафеана во Дебар Маало нападнат од гости, не сакале да заминат во 21 часот
Следна вестДали диоптерот на министерот Маричиќ кога гледа во корупцијата е посебен?