Гази Баба и Аеродром одат кон 1.500 заболени од вирусот

Скопските општини Гази Баба и Аеродром се доближуваат до 1.500 активни случаи од корона вирусот и се подрачја со најмногу заразени во споредба со останати скопски општини.  Во Гази Баба бројката стаса до 1.462 случаи, а во Аеродром за 29 помалку – 1.433. Зад нив се Карпош со 1.211 Кисела Вода со 1.207, како и Центар со 1.188 инфицирани лица. Во Чаир има 621, Бутел 539, Шуто Оризари 179 и во Сарај – 148 инфиицирани.

Во другите општини состојбата е следна: Студеничани – 51, Арачиново -36, Илинден – 246, Сопиште – 62, Чучер Сандево – 103, Петровец –124, Зелениково -68, Странец – 174 и Нераспределен- 191.

Претходна вестУтро со минусна температура, преку ден сончево со слаб ветер
Следна вестВо поранешната болница „Мала Богородица“ ќе се лекуваат 100 пациенти од Ковид 19