Гази Баба со најголем скок на активни на Ковид 19 – стаса до 193

Скопската општина Гази Баба во изминатово деноноќие имала најголем пораст на новозаразени од корона вирусот во Скопје, со што на нејзино подрачје сега има 193 активни лица на Ковид 19. Претходно, завчера, во оваа општина имаше 181 заболен, што значи дека бројката е зголемена за 12 лица.

Инаку, како и во изминативе денови во врвот и натаму е Чаир со 424 заразени-заболени што е помала бројка отколку во изминатиов период кога имаше и 454 лица активни на Ковид 19. Потоа следува Гази Баба со 193, Карпош со 167, Бутел со 163, Аеродром – 154, Сарај – 148, Центар – 143,  Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров – 113 и Шуто Оризари 90.

Во Студеничани има 113 активно болни, во Арачиново – 54, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 19, Сопиште – 14, Зелениково-6, Странец – 2 и Нераспределен- 11.

На подрачјето на Скопје вкупно има 1983 активни на Ковид 19.

Претходна вестОд дивите депонии распослани низ Скопје собран за 50 отсто повеќе отпад од лани
Следна вестПретпладне сонце, попладне облачно со дожд и ветaр