Георгиевски: Најубаво „збогум“ од репрезентативниот дрес ќе биде пласман на Европското првенство

Машката ракометна репрезентација на Македонија вчера го имаше првиот собир во хотелот на „Александар Палас“, како почеток на подготовките за квалификациските натпревари против Луксембург и против Турција за пласман на Европското првенство 2024. Искусното крило Гоце Георгиевски е повторно дел од националниот тим, а овој циклус ќе му биде и последен во репрезентативниот дрес.

Тој ќе се збогува на мечот против Турција во Скопје.

– Против Турција ќе го одиграм последниот натпревар за Македонија по речиси 15 години поминати носејќи го националниот дрес. Можам само да потврдам дека ми беше чест и гордост што го носев дресот на Македонија во овие изминати години. Чувствата сега се помешани Најдобар начин да се простам од репрезентацијата е со победи и пласман на Европското првенство, изјави Гоце Георгиевски.

Македонија досега играше на седум европски првенства, а најдобриот пласман ѝ е петтото место во Србија во 2012 година.

По третиот циклус натпревари, осум селекции со по осум бода веќе се пласираа на ракометното Европско првенство (ЕП) во Германија в година. Тоа се Португалија (група еден), Австрија (четири), Унгарија (шест), Словенија (седум) и Франција (осум).

Претходна вестНападнат е Крим со беспилотни летала, Русите велат дека се подготвени
Следна вестЛокалитетот Стибера ќе се истражува со скенирање