Германка и петмина други граѓани пријавиле каснување од куче скитник во Скопје

Државјанка на Германија вчера пријавила дека била касната од куче скитник во Градскиот парк. Освен неа во МВР уште петмина граѓани од Скопје  пријавиле каснување од кучиња скитници.

Во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром Ј.Г.(59) од Скопје пријавила дека на бул.„АВНОЈ“ во Скопје била касната од куче скитник, за нешто подоцна во 13.30 часот но овој пат во Полициската станица во Кисела Вода Г.Ц.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.

– Другото каснување повторно се случило во Аеродром каде во 14:10 часот М.Ј.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник. Во вечерните часовти нова пријава на каснување била регистрирана во 20.30 часот во Полициската станица Центар, каде Б.Ч.(21) од Скопје пријавил дека на Кеј на Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник, информираат од МВР.

Последното каснување што го бележи билтенот на МВР се случило во полициската станица Драчево каде во 23:50 С.Ж.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Претходна вестСрпски мафијаш убиен во Бразил, пред сопругата и детето
Следна вестПовторно нова сообраќајка на булеварот „Србија“, повредено едно лице