Германскиот синџир на аптеки Росман ќе се шири и во Македонија

Германскиот синџир на аптеки Росман планира да ја прошири својата малопродажна мрежа на Балканот со навлегување на пазарите во Црна Гора и Македонија, пишува германскиот Wirtschaftsforum.

Компанијата Росман неодамна објави рекорден раст на продажбата од 12,15 милијарди евра минатата година. Најавуваат и дека нивниот асортиман наскоро ќе биде достапен во Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска и северниот дел на Италија. Преку партнерство и франшиза, тие од неодамна се присутни и во Азербејџан.

Росман е најстариот синџир на аптеки во Европа. Првата фабрика е отворена во Германија во 1972 година, а денес работат на повеќе од 4.500 локации низ Европа и вработуваат 60.000 работници. Компанијата Росман пред неколку недели објави дека на данскиот пазар влегува без продавници за малопродажба. Росман ќе го води целиот свој бизнис преку онлајн тргување

 

Претходна вестИзлетување од коловозот кобно и за 20-годишното момче од Облешево
Следна вестДемократски сојуз: Нарушување на екосистемот е злосторство против природата и човештвото