Ги чекавме со месеци за сега да се ладат во фрижидер – вакцините на „Синовак“ се уште не се одобрени од МАЛМЕД

Ги чекавме со месеци и кога ги дочекавме, половина милион дози на вакцината „Синовак“ два дена седат во фрижидери, чекајќи да звршат процедурите за нивна потреба во земјава.

Од Агенцијата за лекови МАЛМЕД велат дека процедурите се при крај и за кусо време ќе дадат зелено светло.

Од вакциналните пунктови низ државата потврдуваат дека се уште не добиле дози од „Синовак“ бидејќи треба да завршат сите административни процедури.

Во најголемиот вакцинален пункт во земјава има само „Фајзер“. Според податоците до вчера, во земјава целосно се вакцинирани 219.061 лице.

Вчера прва доза примиле 10.940 граѓани, што е извесно подобрување во споредба со претходните денови кога се вакцинираа по најмногу 3.000 лица.

Министерот Венко Филипче пред неколку дена најави дека очеkува до 15 јули да бидат вакцинирани сите кои се пријавиле на сајтот вакцинација.мк, а кои според се помалку од 200.000.

Во меѓувреме, македнски граѓани секојдневно одат во Србија, најччесто до Врање и Ниш каде се вакцинираат без најава.

Претходна вестУтре Скопје ќе се пржи на 39, Македонија на 41 степен
Следна вестПинг-понг со Љубанци: 9-ти ден без вода, општината ја „фрли“ топката кај „Водовод“