Бугарскиот премиер Стефан Јанев и престедателот Румен Радев пристигнуваат на местото на трагедијата на автопатот Софија – Благоевград, каде пред околу 4 часа загинаа најмалку 46 лица во автобусот со македонски таблички кој се запалил во сообраќајна несреќа. Кон местото на трагедијата упатени се и премиерот Зоран Заев, заедно со министрите Бујар Османи и Венко Филипче како и лекарски екипи.
До овој момент нема точни информации како се случила трагедијата. Засега се достапни само оние малку сведоштва од луѓе дека патниците кои успеале да се спасат, ги кршеле прозорите додека автобусот горел, па некако се извлекле. Тие според бугарските надлежни органи имаат тешки телесни повреди, изгореници и трауми.
Не се знае точно колку од патниците се македонски државјани, а колку странци. До сега единствено официјално е дека меѓу загинатите 12 се деца.