Вакцинирањето против опасниот корона вирус е во пол тек во цела Европа. Во Македонија пак, засега министерот за здравство Венко Филипче се пофали само со тоа дека веќе се подготвени листите на здравствени работници и хронично болни кои први ќе се вакцинираат. Сега само се чека кога вакцината ќе дојде.
Филипче информира дека се подготвени листите на здравствените работници и хронично болни кои први ќе се вакцинираат. Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против КОВИД-19 ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници, а предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, лица постари од 70 години.
Во втората фаза, предвидено е да се вакцинираат групите на постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, лица на возраст од 65 години и постари, а опфатени се и лицата на возраст од 20-65 години со коморбидитети. Здравствени работници со умерен ризик да стекнат и пренесат инфекција, вработени во витални институции за нормално функционирање на општеството, како и вработени во образовни институции вклучени во настава со физичко присуство и вработени во детски градинки.
Во третата фаза, опфатени за вакцинација се приоритетните групи: останати есенцијални работни места за нормално функционирање на општеството, останати вработени во образование (основно, средно и високо), социјалните групи со зголемен ризик од стекнување и пренесување на инфекција и здравите лица на возраст од 30-64 години.
Како што беше соопштено за спроведување на вакцинацијата ќе се користи постоечката здравствена инфраструктира и кадарот кој досега ја спроведува вакцинацијата.
Значи се е подготвено, само уште една ситница – властите да успеат да набават вакцини. На властите од земјите во регионот тоа им успеа одамна.