Во Македонија потврдени три случаи на новиот вид коронавирус

Британскиот вид на коронавирус досега бил детектиран кај тројца пациенти во земјава, соопштија од Министерството за здравство.

Здравствените власти на 27 јануари објавија за првиот пациент заразен со овој вид на вирусот, кој веќе е оздравен. Вирусот беше детектиран во приватната лабораторија на клиниката „Жан Митрев“, во Скопје, при анализа на примероци од јануари.

Кај останатите двајца заразени, едниот кој имал коморбидитет починал, а другиот пациент од 26 јануари се води како оздравен.

Починатиот е 46-годишен маж од Охрид, кој имал претходни хронични заболувања. Позитивен тест на Ковид-19 добил на 4 јануари, а починал на 8 јануари 2021 година.

Според епидемиолошките анкети, ниту еден од тројцата мажи не патувал во странство.

Претходна вестГи подготвиле листите за вакцинација, сега само уште вакцините да ги донесат
Следна вест597 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјава