Ги тепал сите: Прво мајката, па сопругата и на крајот детето, полицијата го приведе

Физичко насилство врз членовите на семејството е причина за вчерашното приведување на едно лице.

-На 29.04.2023 во 01.00 часот од полициски службеници од Полициската станица Драчево бил лишен од слобода Ф.С.(43) од Скопје поради тоа што на 28.04.2023 околу 23.30 часот во домот во скопско село физички ја нападнал неговата 64 годишна мајка, неговата сопруга и неговата малолетна ќерка, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

Претходна вестЈордан Поп Јорданов тргнал да ја дигне во воздух Отоманската банка, во писмо до саканата напишал…
Следна вестАдеми си даде објаснување за смената на Дамева: Има правна дупка