Гир: Јасно е што треба да се прави со Судскиот совет, ги имаме препораките

Правен нихилизам можеби е атрактивен, но не и најефективен метод,  изјави шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, во интервју за „360 Степени“, прашан за ставот на ЕУ за најавата од новата влада за распуштање на Судскиот и на Советот за јавни обвинители.

За Гир, нема дилеми дека мора да има суштински реформи во областа на владеење на правото и судството и затоа го поздравува фактот што „владата е амбициозна во овој мандат да го стави високо на листата приоритети“.

Што се однесува до Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, се дообјаснува амбасадорот, „веќе има богатство на материјал кој покажува кои се начините за придвижување“.

-Го имаме Извештајот на Оценската мисија, кој, како што се сеќавате, е од минатата година. Содржи 40 препораки. И има уште многу други документи. Од скрининг-процесот, Извештајот за напредокот, значи има богатство достапни материјали кои покажуваат како да се оди напред. Со нетрпение очекуваме да разговараме за ова во детали, вели Гир.

Евроамбасадорот смета дека ќе мора да разговараат со владата за тоа што значи „овој јазик за распуштање на Судскиот совет, распуштање на Советот на јавни обвинители“.

 

 

Претходна вестПронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско
Следна вестМВР: 223 возачи казнети за брзо возење, осуммина возеле над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина