Гир: Не е точно дека Европската Унија не ја сака Македонија како своја членка

Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да ѝ пристапи на Европската Унија – дали затоа што ЕУ не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Унијата. Ниту едно од овие тврдења не е точно, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Тој се обрати на настанот на Министерството за надворешни работи со дипломатскиот кор организиран по повод одбележувањето на четиригодишнината од членството на С Македонија во НАТО.

-Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската Унија, патот е практичен и многу лесно остварлив. Тоа е и пат на безбедност и навистина веруваме дека членството на Република Северна Македонија во Европската Унија ќе биде од корист за сите нас. И од овие причини ја поттикнуваме Северна Македонија да се придвижи што е можно побрзо кон Европската Унија. Сакаме оваа земја да биде дел од Европската Унија врз основа на исполнувањето на обврските што ги презеде во јули 2022 година по кои следуваше меѓувладината конференција и скрининг-процесот, како и имплементацијата на реформите кои беа утврдени во текот на овој процес, вклучително и тие што се набројани во новиот план за раст и реформи на Европската Унија, потецира Гир.

На традиционалниот НАТО настан се обрати и шефот на дипломатијата Бујар Османи и првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Тие упатија честитки за четиригодишнина од НАТО членството на земјата, нејзиниот придонес во колективната безбедност и дадоа свои видувања за тековните глобални предизвици.

Претходна вестИванишевиќ повеќе не му е тренер на Ѓоковиќ, но нивното семејство ќе останело засекогаш
Следна вестГРОМ, Интегра и ПЦЕР направија коалиција, нема да поддржат уставни промени