Иванишевиќ повеќе не му е тренер на Ѓоковиќ, но нивното семејство ќе останело засекогаш

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, повеќе нема за тренер да го има познатиот хрватски тенисер – Горан Иванишевиќ. Ова го потврди Ѓоковиќ преку социјалните мрежи.

Овие двајца спортисти соработуваа шест години. Засега не е позната причината за разделбата на Ѓоковиќ и Иванишевиќ.

-Се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим во 2018 година. Работата со него ми помогна да го подобрам сервисот, а ми донесе и радост, среќа и прво место на ранг-листата, но и 12 гренслем-титули. Пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Имавме подеми и падови на теренот, на нашето семејство ќе остане засекогаш. Шефињо, ти благодарам за се мој пријателе, те сакам, напиша Ѓоковиќ.

Вредно е да се напомене дека српскиот тенисер годинава нема позабележителни настапи. Испадна во полуфиналето на грандслем турнирот во Мелбурн.
Претходна вестСредношколка крадела пари од соученичка во Охрид, ама…
Следна вестГир: Не е точно дека Европската Унија не ја сака Македонија како своја членка