Ѓорче Петров ќе игра со Елче Мустанг во четвртфиналето од Европскиот куп

Македонскиот женски ракометен клуб Ѓорче Петров денес по ждрепката во ЕХФ ги дозна противниците на 1/4 финалето во ЕХФ Купот, како и за евентуалното полуфинале. Ѓорче Петров за ривал во следната фаза го доби тимот на Елче Мустанг.

Првиот меч се игра во гости на 9/10 март, а реваншот во Скопје е предвидено да се игра на 16/17 март.

Ако Ѓорче Петров го мине Елче, во полуфиналето ќе има друг шпански противник, победникот од дуелот меѓу Гранољерс и Гран Канарија.

Претходна вестПромоција на книгата „Вовед во славистиката“ од Емил Ниами
Следна вестПолицаец од Охрид претепал сограѓанин, ќе биде суспендиран до завршување на постапката