Ѓорческа елиминирана во првото квалификациско коло на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа елиминирана е во првото квалификациско коло на гран-слем турнирот на Австралија опен во Мелбурн. Таа загуби од Катаржина Кава од Полска, во три сета со 5:7, 6:4, 3:6.
За Ѓорческа (29) ова беше второ учсство во квалификациите на Австралија опен. Во 2017 година таа беше елиминирана во третото коло.
Во квалификациите во Мелбурн настапуваат по 128 тенисери и тенисерки. По трите кола ќе бидат познати 16-те најдобри во двете конкуренции ќе се пласираат на главниот турнир.
Гран-слем турнирот во Мелбурн 2024-та ќе почне во недела, 14 јанаури и за првпат ќе трае 15 дена, до 28 јануари.

Претходна вестЕдно е да одиш во црква и разменуваш божикни честитки, а друго е да живееш по верски начела
Следна вестАхмети: Албин Курти се меша во внатрешните работи на Албанците во Македонија