Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа скок на најновата ВТА ранг листа. Тенисерката од Тетово со вкупно 319 поени е на 235 позиција или поточно нејзиниот напредок е четири места. Во оваа сингл конкуренција пак Магдалена Стоилковска отиде назад едно позиција и сега со 9 поени е 1212 на светот.
Ѓорческа има ранг и во дубл, конкуренција во која е 373 со 226 бодови.
На врвот во женскиот тенис и понатаму е Ига Швјонтек од Полска пред Арина Сабаленка и Американката, Коко Гоф.