Ѓорческа победи и се пласира меѓу најдобрите осум на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласира во четвртфиналето на фјучерс турнирот во Анталија, Турција. Таа втората победа на турнирот вреден 35.000 евра, ја забележа против Унгарката Амариса Тот, со 4:6, 6:4 и 6:4.

Ѓорческа лошо го почна мечот, го загуби првиот сет, но потоа заигра многу подобро и ги доби следните два сета обезбедувајќи место меѓу осумте најдобри.

За пласман во полуфиналето Ѓорческа (242-ра на ВТА листата место) утре ќе се сретне со Хрватката Тара Вурт, 417-ра на ранг листата на најдобрите светски тенисерки.

Претходна вестАмериканската компанија „Епл“ подготвува уред со флексибилен екран
Следна вест,,Охридско лето” ќе има квалитетна програма, најави директорката Наташа Поповиќ