Ѓорческа сè уште чека виза за да заигра на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа побара виза за да настапи во квалификациите на Вимблдон, но сè уште не ѝ е одобрена истата.

Ѓорческа ја пополнила апликацијата пред три недели, а имала и разговор за добивање на потребната виза, но сè уште нема позитивен одговор.

-Ние аплициравме за виза преку интернет уште пред три недели, кога бевме на Ролан Гарос. Кога се вративме, бевме на интервју за виза во Скопје и на 27 мај добивме мејл дека апликацијата е стигната. Околу визите секогаш се ангажираат и помагаат и самите организатори на Вимблдон, но уште чекаме и не знаеме колку ќе трае. Проблемот е што кога ќе ја одобрат визата, пасошот мора да се прати во Белград и тука се губи уште време. За разлика од Вимблдон, Австралија автоматски испраќа виза ако треба да играш на тамошниот гренд слем турнир, вели тренерот на Ѓорческа, Димитар Лабудовиќ.

Квалификациите ќе почнат на 24 јуни, а Ѓорческа добила ветување дека организаторот ќе преземе чекори за да ѝ биде одобрена виза.

Доколку ѝ биде одобрена виза, тогаш Ѓорческа ќе настапи на уште еден турнир од рангот на В100 во Англија.

Претходна вестОсмани: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет
Следна вестУдрил во паркирани автомобили, повредени возачот и 19 годишен сопатник