Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови…

Во Македонија денеска е предизборен молк. Утре ќе се одржат претседателските избори. Молкот ќе заврши утре во 19 часот, кога ќе се затворат избирачките места.

Вообичаено, денеска, на ден пред изборите, гласање се спроведува за болните и изнемоштените, затворениците во Казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови. Гласаат и македонските државјани во странство.

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии денеска од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Претходна вестЈавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред
Следна вестДИК објави упатство за гласање на претседателските избори