Јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред

Утре јавниот превоз во градот ќе функционира по неделен возен ред, а жичарницата нема да работи, информираат во јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

-Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и онаа во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението.

Пре една недела Владата заклучи 24 април и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател на државата и изборите за пратеници во Собранието и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Претходна вестНовак Ѓоковиќ по петти пат е прогласен за најдобар спортист во светот
Следна вестГласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови…