Го барале да оди во затвор, а додека бил на слобода го тепал и таткото

Вчера околу 17 часот полициски службеници од полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М. (27) од с. Челопек, по добиена пријава дека агресивно се однесувал кон семејството и физички го нападнал неговиот татко.

Исто така, М.М. бил баран од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор.

Против М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Претходна вестПланинар паднал во провалија, извлечен со тешки повреди на главата – констатирана смрт во ГОБ „8 Септември“
Следна вестТрапановски дебитираше со гол за Данди Јунајтед