„Го нема Артан Груби да го крене ова, тој е по таа работа“, се пошегува Ковачевски на сметка на вицепремиерот при посета на македонска компанија
Интересен момент забележаа новинарите при посетата на првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, на компанијата „ДИЕМ – ГП“ во Гевгелија.
Имено, кога Ковачевски даваше изјава во врска со денешната посета, од говорницата на која беа наместени микрофоните, еден падна, а Ковачевски се пошегува пред новинарите.
– Го нема Артан Груби да го крене ова сега, пошто он е по таа работа, на шега коментира Ковачевски.
Ниту Ковачевски ниту Јованка Тренчевска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, која стоеше зад него, заедно со Сања Лукаревска, директорката на УЈП, не можеа да ја воздржат насмевката од ваквиот момент и реакцијата на Ковачевски.
Тој им се заблагодари на домаќините за пречекот во, како што рече, успешната македонска компанија, која редовно ги плаќа своите даноци.