Ковачевски: Покажавме дека голем раст на пензиите е можен

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во рамки на денешната посета на Гевгелија, во Домот на културата се сретна и со Здружението на пензионери на Гевгелија. Ковачевски на средбата посочи дека СДСМ прави се, за по пензионирањето секој да ужива во плодовите од својот работен век и од вложениот труд, и дека сработеното има видлив резултат.

Со новата методологија на пресметка на пезниите, која Владата предводена од СДСМ ја сработи заедно со пензионерите, пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија воедно, денес е за речиси 50% повисока од пензијата во 2016 година, рече Ковачевски.

Се осврна и на фактот дека пензионерите беа опфатени и во пакетите со антикризни мерки , каде само во последниот 9-ти пакет, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери со што пензионерите, како што истакна, добиваат од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.

– Поддршката за пензионерите од страна на СДСМ се огледа и во вложувањата во старинските домови. Моментално на територијата на државава има 5 државни старински домови, а преку проектот за подобрување на социјалните услуги на ресорното министерство во периодот кога Јована Тренчевска беше министерка, има отворено 5 центри за активно стареење во Чаир, Центар Жупа, Крива Паланка и Босилово, рече Ковачевски.

Претходна вестГо нема Артан Груби да го крене ова, тој е по таа работа“, се пошегува Ковачевски на сметка на вицепремиерот при посета на македонска компанија
Следна вестЛевица: Германската инвестиција во Тетово е уште еден пропаднат проект на криминалната влада