Го нема Артан Груби да го крене ова, тој е по таа работа“, се пошегува Ковачевски на сметка на вицепремиерот при посета на македонска компанија

„Го нема Артан Груби да го крене ова, тој е по таа работа“, се пошегува Ковачевски на сметка на вицепремиерот при посета на македонска компанија

Интересен момент забележаа новинарите при посетата на првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, на компанијата „ДИЕМ – ГП“ во Гевгелија.

Имено, кога Ковачевски даваше изјава во врска со денешната посета, од говорницата на која беа наместени микрофоните, еден падна, а Ковачевски се пошегува пред новинарите.

– Го нема Артан Груби да го крене ова сега, пошто он е по таа работа, на шега коментира Ковачевски.

Ниту Ковачевски ниту Јованка Тренчевска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, која стоеше зад него, заедно со Сања Лукаревска, директорката на УЈП, не можеа да ја воздржат насмевката од ваквиот момент и реакцијата на Ковачевски.

Тој им се заблагодари на домаќините за пречекот во, како што рече, успешната македонска компанија, која редовно ги плаќа своите даноци.

Претходна вестТошковски во посета на Одделот за форензички испитувања при МВР
Следна вестКовачевски: Покажавме дека голем раст на пензиите е можен