Двe лица, 33-годишен охриѓанец и 31-годишен скопјанец ќе одговараат за самовластие. Имено, тие на 29 јуни со возило пристигнале пред домот на оштетениот и откако го забележале, го повикале да влезе во автомобилот, па без негово знаење се упатиле кон парк-шумата во Гази Баба, Скопје.
По пристигнувањето, обвинетите физички го нападнале оштетениот удирајќи го со гумена палка по телото, барајќи од него да го врати долгот од 6.000 евра кој тој го имал кон првообвинетиот. По извесно време двајцата обвинети соизвршители, го внеле оштетениот во возилото и го однеле во неговиот стан, кој како гаранција за земените пари оштетениот му го предал во владение на првообвинетиот.
Во станот обвинетите лица продолжиле да го удираат оштетениот, заканувајќи му се дека доколку не ги врати парите, ќе го запалат заедно со неговиот стан. Од нанесените удари, оштетениот се здобил со видливи повреди и подливи по телото.