Светиниколска конфекција под клуч, има заразени од вирусот

Менаџментот на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе реши привремено да престане со работа. Причината е детектираното ширење на корона вирусот.

Најавено е дека врз сите 830 работнички ќе се спроведе тестирање за присуството на корона вирусот со цел утврдување на точната бројка на заболени лица и спречување на ширењето на заразата.

Инаку, вкупната бројка до денеска на заболени од Ковид-19 во Свети Николе е 79 лица.

Претходна вестВо шест акции полицијата приведе седум лица заради марихуана и прашкаста материја
Следна вестГо однеле во парк-шумата во Гази Баба и го тепале поради долг од 6.000 евра